Еурофарм Пелистер 2 поразен по 25 победи, вардарци ги однесоа бодовите од Битола

Заврши серијата од 25 победи по ред во шампионатите на Македонија за Еурофарм Пелистер 2. Екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога и славеше во Битола со 19-34 во рамките на второто коло од машката ракометна Суперлига. Првиот дел почна лоши за битолчани и по 0-3 и 3-9. Зарков побара тајм-аут. Сепак, играта на пелистерци не се подобри и на одмор се замина со 12-21.
И во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 не претставуваше опасност и закана дека може да изненади. Николас Боно беше најдобар кај Вардар со шест гола, додека Георгиевски, Митровиќ, Хориха, Атанасовски и Ќосевски погодија по четири пати. Кај пелистерци, Ненад Белистојаноски имаше пет, а Одифред Баптист погоди четири пати.
Во следното трето коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Куманово.