ЕУРО 2020 – 06. Велс одблиску
Велс само еднаш играл Европски првенство и стигнал до полуфиналето!
Фудбалската репрезентација на Велс го претставува Велс на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската Асоцијација на Велс (FAW), третата најстара национална фудбалска асоцијација во светот.
Иако територијално е дел од Обединетото Кралство, Велс отсекогаш имал своја репрезентација во фудбал која играла на големи меѓународни турнири, освен на Олимписките игри, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет отсекогаш ја признавал само Велика Британија.
Во досегашната историја на репрезентацијата, Велс се квалификувал на два големи меѓународни турнири. Тие стигнале до четвртфиналето на Светското првенство во 1958 година, што до денес е единствениот нивен настап на завршницата на некое Светско првенство. Покрај тоа, Велс исто така само еднаш досега се квалификувал и за Европското првенство, стигнувајќи до полуфиналето на првенството во 2016 година.
Во сите репрезентативни нивоа, вклучително и младинските репрезентации, репрезентацијата на Велс влече играчи пред сè од клубови од англискиот лигашки фудбалски систем. Главните професионални велшки клубови исто така играат во англиските лиги, а некои професионални клубови играат и во велшкиот лигашки фудбалски систем.
Легендата Гигс е прво име во фудбалски Велс!
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс во јануари 2019 година беше назначен за нов селектор на Велс, јавува Скај Спорт.
Фудбалскиот сојуз на Велс го избра Гигс, а во игра меѓу останатите е и поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Крег Белами и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс. Кога е во прашање тренерското искуство, Гигс го водеше Манчестер Јунајтед откако Дејвид Мојс доби отказ.
На интернационално ниво, Гигс играше за репрезентацијата на Велс сè до неговото пензионирање од интернационалниот фудбал на 2 јуни 2007 година и беше најмладиот фудбалер кој некогаш ја претставувал својата држава. Во збирката на многуте почести кои Гигс ги доби со фудбалот како што е да се биде именуван меѓу стоте легенди на фудбалската игра, беше избран за Офицер на Редот на Британската Империја во листата за почести за роденденот на Кралицата во 2007 година, и беше внесен во Куќата на славните на англискиот фудбал во 2005 година.
Бејл инспиратор на историското полуфинале во Франција 2016 година!
Герет Бејл го запиша своето деби за фудбалската репрезентација на Велс во мај 2006 година, со што стана најмладиот играч во тој момент кој настапил за една репрезентација. Бидејќи запиша повеќе од 60 настапи и постигна 26 гола, денес е втор стрелец во историјата на Велс веднаш зад Јан Раш. Герет е најдобар стрелец за Велс во нивните успешни квалификациите за Европското првенство во 2016 година, постигнувајќи седум гола. На Европското првенство во Франција во 2016 година, тој го одведе Велс до полуфиналето на првенството, што претставува најголем репрезентативен успех на оваа земја.