ЕУРО 2020 – 12. Англија одблиску

Талент не недостига, Англија може далеку на ова Европско првенство.

Фудбалската репрезентација на Англија ја претставува Англија во меѓународниот фубал и е контролиран од Фудбалската Асоцијација, власничко тело на фудбалот во Англија. Наспроти повеќето националните тимови низ светот, кои заедно претставуваат една држава, четирите држави од Обединетото Кралство се претставуваат посебно во меѓународните турнири.


Англија е една од седумте држави кои го освоиле Светското првенство, а тоа тие го направија во 1966 година, кога беа и домаќини, со победа во финалето 4-2 над Западна Германија по продолженија. Англија е единствена држава која го освоила Светското првенство само еднаш и тоа на домашен терен (Останатите репрезентации го освоиле Светското првенство најмалку двапати и тоа најмалку еднаш на странски терен). Подоцна тие стигнаа до полуфиналето во 1990 година, каде изгубија од Западна Германија во полуфиналето. Англија е една од највлијателните репрезентации врз светскиот фудбал и ретко кога е надвор од топ десет на ранкингот од страна на ФИФА. 

Традиционално, најголем соперник на Англија е Шкотска, кои беа противници во првиот меѓународен натпревар во 1870. Но првите регуларни натпревари доаѓаат во доцните 1980 години. Англија исто така има и други големи соперник, како што се Аргентина и Германија, со кои постојано одржува соперничка традиција. 

Англија по половина век стана младински светски првак

Младата селекција на Англија до 20 години во 2017 година оствари огромен успех. Англиските репрезентативци во финалето на Светското првенство беа подобри од Венецуела со 1-0. Историскиот гол беше дело на Доминик Калверт-Левин во 35 минута од натпреварот.

Голманот Вудмен исто така беше еден од најзаслужните, на неколку пати фантастично интервенираше и го зачува својот гол, а запаметен ќе остане по одбранетиот пенал на Пенаранда во 74 минута од натпреварот.

Ова е најголем успех за селекцијата на Англија до 20 години, претходно имаат освоено едно трето место во 1993 година.


Голгетерот Кејн главна ѕвезда на „Гордиот Албион“


Хари Кејн е модерен разновиден напаѓач со интелигентни движења и поседува одлично чувство за заземање позиција, што му овозможува да биде смртоносен во казнениот простор. Тој е комбинација на добра физичка сила и голем натпреварувачки дух, кој го доведува често да се жртвува за тимот.

Благодарение на неговите технички и тактички карактеристики во можност е подеднакво добро да ја игра улогата и на прв напаѓач, но и онаа на втор нешто поповлечен напаѓач. Исто така, тој нуди големи капацитети во воздухот и трчање во простор.

Во 2014 година Кејн беше вклучен во списокот на најдобрите фудбалери родени по 1992 година, изготвена од страна на Дон Балон. Од многу експерти се смета за природен наследник на поранешниот англиски напаѓач Теди Шерингам, од кого Кејн вели дека е инспириран.