ЕУРО 2020 – 16. Шпанија одблиску

„Фуријата“ го загуби сјајот, но пак е фаворит од сенка за титулата

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја претставува и е под управа е на Шпанската фудбалска федерација. Шпанија е трикратен европски првак и прва репрезентација која го одбранила насловот европски првак како и прва репрезентација која освоила три големи натпреварувања (ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012).

Во јуни 2008 Шпанија станала водечка репрезентација на ранг списокот на ФИФА, и тоа како прва земја која никогаш не била светски првак. Тоа им пошло од рака на Светското првенство 2010 година, победувајќи ја холандската репрезентација 1-0 по продолженија.

Ниту еден фудбалер на Реал на списокот на Луис Енрике

Серхио Рамос нема да игра на ЕВРО 2020, капитенот на Реал Мадрид не се најде на списокот кој денеска го објави Луис Енрике. Дефанзивецот во последно време се мачи со повреди и останува да видиме дали ова е причината за отсуството.

Луис Енрике за Европското првенство повика 24 фудбалери наместо 26, и интересно, не смета на ниту еден фудбалер од Реал Мадрид.

Составот на Шпанија за Европското првенство:

Голмани: Унаи Симон, Давид Де Хеа, Роберт Санчез

Одбрана: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорт, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Сезар Аспиликета, Маркос Љоренте

Среден ред: Серхио Бускетс, Родри, Педри, Тиаго Алкантара, Коке, Фабијан Руиз

Напад: Дани Олмо, Микел Ојарзабал, Алваро Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре, Пабло Сарабија.

Луис Енрике објасни зошто не го повикал Рамос на шампионатот

Луис Енрике го објави списокот за Европското првенство, големо изненадување е отсуството на Серхио Рамос. За играчот со најмногу настапи во дресот на Шпанија нема место во составот, па сосема нормално имаше многу прашања на оваа тема на прес конференцијата.

„Одлуката не беше лесна, но Рамос има големи проблеми со повредите и нема континуитет од јануари месец. Воопшто не ми беше лесно, но морав да го одберам она што е најдобро за групата. Синоќа му се јавив и му ја образложив одлуката. Ме боли многу што морав да го изоставам, се работи за фудбалер кој секогаш го оставал срцето на терен. Му препорачав да биде малку себичен, да се фокусира целосно на тоа да се опорави од повредата и да продолжи да игра на највисоко ниво за клубот и репрезентацијата. Не сакам отсуството на Рамос да го поврзете со повикот на Лапорт. Постои можност Рамос да се опорави пред почетокот на Европското првенство, но мислам дека ќе биде тешко“, рече селекторот.