ЕУРО 2020 – 24. МАКЕДОНИЈА одблиску
Најчудното Европско првенство за над е прекрасно – Македонија дебитира на голем настан
11 од претходно утврдените 12 градови останаа на листата на домаќини на првенството откако УЕФА пролетоска направи притисок. Имено, организацијата инсистираше на неотповиклива согласност дека – и покрај пандемијата – ќе се дозволи публика на стадионите. Таквото барање наиде на многу критики. Властите во три града, меѓу кои и Минхен, не сакаа да се обврзат. Минхен сепак остана локација за ЕУРО 2020, а Даблин и Билбао отпаднаа. Натпреварите планирани за главниот град на Ирска ќе се одиграат во други градови, а натпреварите од Билбао ќе се одржат во Севиља. Ќе се игра и во Рим, Баку, Санкт Петерсбург, Будимпешта, Букурешт, Амстердам, Глазгов и Копенхаген. Двете полуфиналиња, како и големото финале кон кое се стремат сите тимови, ќе се одиграат на стадионот Вембли во Лондон.
УЕФА веќе сторнираше влезници и ги информираше фановите. Полн стадион изгледа дека ќе има само во Будимпешта. Властите дозволија влез на 68 илјади гледачи на стадионот Ференц Пушкаш. Како и во Лигата на шампиони претходно, така и сега унгарските власти се покажаа исклучително либерални. На сите други локации се разликуваат ограничувањата и може и да се променат во зависност од ситуацијата со короната. Минхен на пример има разработено три различни сценарија: со помалку од седум илјади фанови, со 14.500 или со 27 илјади гледачи. Глазгов за Хемпден Парк дозволува половина од капацитетите, значи околу 13 илјади гледачи. Слично е во Лондон. За трите натпревари од група на англиската репрезентација се дозволени 22.500 гледачи, благодарение на посебна дозвола како исклучок од инаку строгите правила. Сѐ уште е неразјаснето колку луѓе ќе може да бидат на трибините на полуфиналињата и на финалето кон средината на јули. Англиската фудбалска федерација и УЕФА се надеваат оти ќе има релаксирање во ситуацијата со коронавирусот и во согласност со тоа и многу повеќе гледачи за финалето на ЕУРО. Картите за сите игри УЕФА ги продава по систем на случајно извлекување.
Кој ќе игра за Македонија и колку заработува ФФМ од Европското првенство
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го намали наградниот фонд за овогодишното ЕУРО 2020, што почнува идната недела, од 371 на 331 милиони евра, но и покрај тоа претстојното Европско првенство ќе има рекорден фонд за награди.
Досегашниот рекорд изнесуваше 301 милиони евра, колку што поделија 24 учесници на ЕУРО 2016 во Франција.
Сите учесници, вклучувајќи ја и македонската репрезентација, ќе инкасираат загарантирани 9.25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето ќе заработат дополнителни 1.5 милиони евра, место првично предвидените два милиони евра.
Пласманот во четвртфиналето вреди 2.5 милиони евра, полуфиналето четири милиони евра, додека финалистите ќе инкасираат дополнителни пет милиони евра. Европскиот шампион ќе добие дополнителни осум милиони евра.
Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство 2020. Во составот на македонската репрезентација се 26 фудбалери. Младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов се најдоа на списокот, а како трет голман е повикан Ристе Јанков.
Игор Ангеловски
(селектор на македонската репрезентација)
Ристовски, Чурлинов и Јанков се нашата иднина, затоа се на нашиот список. Со својот квалитет јас сметам дека можат да придонесат во А тимот и да соберат искуство, бидејќи очекувам во наредните години да бидат стандардни првотимци. Жалам за отсуството на Илија Несторовски, со нас е пет години и вредно работеше со сите нас да се пласираме на Европско првенство. Сепак, верувам во останатите играчи и дека без проблем ќе го дополнат неговото отсуство. УЕФА дозволи и три резерви во случај на ковид-проблеми, но се надевам дека тоа ќе не одмине.
Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони. Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампипонат. Со нивните настапи за тимот и можам да ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди. Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4. јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза.