ЕУРО2020 – 02. Украина одблиску
Украина е „нагазна мина“, Шевченко има селекција која секого може да победи.
По украинската независност и отцепот на земјата од Советскиот сојуз, Украинците го одиграа својот прв натпревар против Унгарија на 29 април 1992 година. Најголем успех на оваа селекција на светската сцена е четвртфиналето на Светското првенство во 2006 година. Како нација домаќин, Украина автоматски се квалификувала за шампионатот на Европа во 2012 година. Четири години подоцна, Украина се квалификуваза Европското првенство во 2016 година, преку плеј-оф. Украина се смета за специфичен случај на успешна младинска фудбалска елита во Европа и светот, но сепак не успева да го донесе истиот успех во сениорска фаза. Селекцијата до 20 години е актуелен светски шампион, додека екипата на до 21 години освои сребрен медал на Европскиот шампионат.
Најголем успех 15 јуни 2019 година
Украина е актуелен светски првак за фудбалери до 20 години откако оваа селекција успеа да се закити со златниот медал на шампионатот што се одржуваше во Полска. Во младинскиот мундијал преполн со изненадувања фаворитите испаднаа во раната фаза од првенството, а во големото финале се сретнаа Украина и Јужна Кореја (3-1). Интересно, Корејците први поведоа со пенал во 5. минута, но потоа пресврт на Украинците со два гола донесе Суприаха. Јужна Кореја се обиде да израмни, но одличен на голот на Украина беше младиот голман на Реал Мадрид, Лунин. Казната за промашените шанси стигна во 89. минута, кога Цитаишвили ги постави конечните 3-1 и го запечати најголемиот успех во историјата на украинскиот фудбал.
Најзаслужен за успехот:
Шевченко ја препороди Украина Легендарниот украински напаѓач Андриј Шевченко на функцијата го наследи Михаил Фоменко, кој поднесе оставка поради лошиот резултат кој го оствари со репрезентацијата на ЕУРО 2016. Украина е единствената репрезентација која на ЕП го загуби сите три натпревара и која не постигна гол. Шевченко професионалната кариера ја заврши по Европското првенство во 2012 година. Играчката кариера ја мина во Динамо Киев, Милан и Челзи, а за националниот тим настапил на 111 натпревари на кои постигнал 48 голови. Во 2004 година ја освои „Златната топка“, а во 2005 година „Златната копачка“. Украина во квалификациите за Светското првенство во 2018 година блесна во И групата, каде играше заедно со Хрватска, Исланд, Финска, Турција и Косово. Потоа без пораз ги мина и евро- квалификациите и на овој шампионатот доаѓа со големи амбиции.
Македонија секогаш поразена против Украинците
Украина – Македонија 1-0 13 октомври 2014
Македонската репрезентација загуби со 1-0 од Украина во натпреварот од третиот круг од квалификациите за пласман на ЕП 2016. Во Лвов, Украина ја доби фудбалската битка со единствениот погодок на дуелот на Сидорчук во судиското надополнување на првото полувреме. Македонските репрезентативци беа рамноправен противник, не искористивме неколку одлични шанси за гол и по три кола од Ц групата имаме биланс од победа и два порази. Адис Јаховиќ, Адеми и Ивановски во првиот дел, Александар Трајковски и Бесарт Абдурахими во второто полувреме имаа одлични можности, но не ја погодија мрежата на Пјатов. Сидорчук со вториот гол за Украина во вториот настап го одлучи победникот, а домаќините можеа да зголемат на 2-0 на стартот од вториот дел кога Јармоленко промаши пенал. Македонските репрезентативци се бореа до максимум за секоја топка, што сепак не беше доволно за успех. Во завршницата висеше голот на Украина, неколку корнери во серија за Македонија, но, сепак, мечот заврши со минимален триумф за противникот. Сепак, останува впечатокот дека Македонија во Лвов го одигра најдобриот натпревар во овие квалификации, а Украинците можат да бидат повеќе од среќни затоа што остварија триумф. Македонија заслужи најмалку бод.
Македонија – Украина 0-2 10 октомври 2015 година
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Украина со 2-0 на последниот домашен натпревар од квалификациите за Европското првенство. Првиот гол за гостинската репрезентација го постигна Селезњов во 58. минута со удар од белата точка откако во петерецот со рака играше Жута. Во 88. минута гостинските фудбалери преку Кравец ја потврдија победата. Во првото полувреме игравме солидно. Потоа следуваше пеналот и истиот го промени текот на играта. Се обидовме со замени. Заигравме пофанзивно, но примивме втор гол. Хасани се повреди во првата фаза од средбата. Украина има голем број на играчи и разликата во класа е очигледна. За жал не ја повторивме играта со Шпанија. Момците се борат но успеавме да нападнеме“-изјави селекторот Љубинко Друловиќ.