ЕХФ ќе бара депозит од екипите учесниците во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на последниот состанок донесе одлука да направи промена околу начинот на кој што клубовите ќе учествуваат во новата сезона во Лигата на шампионите.

Заради многуте проблеми со финансиите низ сезоните на повеќе клубови што во некои случаи донесе откажување и среде сезона, ЕХФ ќе бара финансиска гаранција од клубовите кои ќе играат во елитата и кај мажите и кај дамите.

Клубовите кои ќе сакаат да играат во елитата ќе мора да приложат документација дека имаат средства да ја доиграат сезоната во Лигата на шампионите без проблеми.

Исто така, за да се задржи регуларноста, донесена е одлука мечевите од последното коло во Лигата на шампионите ќе се играат во ист термин.