Ешли Барти одлучи да се повлечи од тенисот

Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти, објави дека се повлекува од професионалниот тенис на само 25 годишна возраст.

Барти, која е актуелна освојувачка на Австралија опен и Вимблдон, веста за повлекувањето ја соопшти во интервју со некогашната тенисерка Кејси Делаква.

„Длабоко во моето срце знам дека сум спремна. Благодарна сум за се она што тенисот ми го даде во животот, но подготвена сум да се повлечам од активното играње. Освојувањето на Вимблдон беше мојот вистински сон околу тенисот, и после тоа веќе имав чувство дека доаѓа периодот за повлекување“, изјавува Барти.