Ешли Јанг се врати дома!

По десет години, поранешниот репрезентативец на Англија, Ешли Јанг се врати во клубот од каде започна неговата кариера, а тој тврди дека штом разбрал за интересот, јасно му посочил на агентот да го договори сето тоа.

Јанг си замина од Астон Вила за да се приклучи на Манчестер Јунајтед пред десет години, а ја освои Серија А во дресот на Интер минатата сезона. Како што и самиот 35-годишен фудбалер вели, штом слушнал за интересот на Премиерлигашот, не се двоумел воопшто.

„Кога слушнав за интересот на Астон Вила, веднаш му порачав на агентот да го договори сето тоа, како знае, како умее, договор мора да биде постигнат.“ – рече Јанг.