Жалгирис го казни Карсен Едвардс

Кошаркарот на Жалгирис, Карсен Едвардс, се најде во центарот на вниманието по инцидентот во кој бил запрен од полицијата поради возење под дејство на алкохол.

По разгледувањето на случајот, литванскиот клуб донесе одлука да го казни својот играч со парична казна.

Од Жалгирис порачаа дека ваквото однесување не е во согласност со вредностите на клубот и стандардите кои се очекуваат од професионалните спортисти.

” Овој вид однесување не е во согласност со вредностите на Жалгирис, стандардите што се очекуваат од професионалните спортисти и нивото на одговорност што се бара од поединците кои го претставуваат клубот“, се наведува во соопштението.

Од клубот додаваат дека Едвардс ја признал грешката, изразил жалење и ја презел одговорноста за своите постапки. Американскиот кошаркар, според Жалгирис, ја разбира сериозноста на ситуацијата и свесен е дека постапил спротивно на очекуваните професионални стандарди.