Ждрепката за Мундијалот на 5 декември во Вашингтон

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ждрепката за Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се одржи на 5 декември во центарот „Кенеди“ во Вашингтон и не ја исклучи можноста самиот да го следи настанот.
„Ова е најголемиот, веројатно најголемиот настан во спортот“, рече Трамп, кој го објави ова за време на состанокот во Овалната соба, на кој присуствуваше и претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.