Жезус: Повторно се смеам играјќи фудбал

Бразилецот Габриел Жезус истакнува дека е воодушевен што повторно игра како централен напаѓач во неговиот нов клуб Арсенал, откако пристигна од Манчестер Сити.

Жезус пристигна во Арсенал во летен трансфер вреден 45 милиони фунти. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, на Бразилецот му ја додели позицијата централен напаѓач која му е омилена на фудбалерот и тој не го крие задоволството од неговите настапи.

„Конечно завршив со играњето на крилна позиција како во Сити и бразилската репрезентација. Ја променив мојата игра и добив поголема самодоверба. Знам дека е благослов да играм на повеќе позиции, но јас преферирам да играм како деветка.Сега повторно имам шанса да играм како централен напаѓач и повторно се смеам додека играм фудбал“, изјавува Жезус.