Железничар го претстави Матеј Цветановски

Македонскиот крилен напаѓач, Матеј Цветаноски од денес и
официјално е нов играч на Железничар од Сараево. Како што
потврдија од босанскиот клуб, Цветановски потпиша двегодишен
договор.
Последната полусезона Цветановски ја помина во Брера
Струмица, откако претходно настапуваше и за Македонија,
Пелистер, Вардар, Шкупи, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.
Во изминатата сезона одигра 25 натпревари за Брера, каде
постигна четири гола и додаде четири асистенции.