Жена со 75 години заигра на професионален тениски турнир

Американката Гејл Фалкенберг испиша историја на ИТФ Фјучрс турнирот во Наполи на Флорида, каде со 75 години заигра професионален тенис.
Фалкенберг се врати на професионалниот тенис по три години пауза, а во првото коло беше поразена од 20-годишната французинка Тифани Пике. Резултатот беше очекуван, два пати по 6:0.
„Играњето тенис ме држи здрава. Играм пет до шест пати неделно и немам тренер. Младите играчи денес се доста подобри од порано, нивото на тенисот страшно напредуваше. Порано, со тенис не се занимаваа толку рано, а сега децата влегуваат во тој свет со пет години.“ – вели Фалкенберг.
Таа на Фјучрс турнири играше и во 2018. години, кога како 71-годишна, успеа да и земе два гејма на 52 години помладата Софи Кернет. Во ветеранските години настапува само на турнири во САД, а најдобриот ранкинг во кариерата го оствари во 1987. година, кога беше на 360. место на ВТА листата.