Жесток судир на англиската полиција со унгарските фанови

Фановите на Унгарија направија вистински хаос на дел од трибините на вчерашниот меч со Англија одигран на легендарниот стадион –„Вембли“ во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

На средбата во Лондон, гостинските хулигани од првата минута влегоа во вербална и физичка пресметка со редарите по што мораше жестоко да реагира и полицијата за да ја стави целата ситуација под контрола.

Медиумите денеска информираат дека во текот на вечрта биле забележани неколку инцидентни ситуации и низ улиците на градот во кој биле вклучени гостинските навивачи.