Жељко Обрадовиќ е најдобар тренер во АБА лига
Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ, е прогласен за најдобар тренер на оваа сезона во АБА лигата.
За Обрадовиќ ова е втора сезона по ред како е прогласен за најдобар тренер, во традиционалниот избор од новинарите и навивачите на ова регионално натпреваување.
Српскиот стручњак доби 72,4 % од гласовите и победи во конкуренција со тренерот на Задар Даниел Јусуп кој освои 13,6 %. Јосип Сесар од Цибона и Ненад Стефановиќ од ФМП добија 6,2 % од вкупните гласови.
Обрадовиќ е изгласан за најдобар тренер во сите три категории на гласачи – тренерите, новинарите и навиваќите.