Жиру не планира да се откаже од репрезентацијата на Франција
Оливие Жиру откри дека планира да продолжи да игра за националниот тим и по Светското првенство во Катар во 2022 година. Во септември тој ќе наполни 37 години, но не се откажува од репрезентативниот дрес.
„Сега сум решен да ја продолжам кариерата во француската репрезентација. Секако, заминувањето на Лорис ме натера да размислам, со оглед на тоа што поминавме толку многу години заедно. Имав посебен однос со него. Страницата на мојата кариера во репрезентацијата уште не е затворена“, вели Жиру.
Тој дополни дека се додека не најави повлекување од репрезентацијата, очекува повик од селекторот.