Жиру се доближи до рекордот на Тиери Анри
Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру стигна на четири гола од рекордот на француската легенда Тиери Анри, по бројот на постигнати голови во дресот на репрезентацијата.
Жиру беше стрелец при победата на Франција од 2:1 над Брегот на Слоновата Коска, во пријателски натпревар кој се одигра во Марсеј.
Во моментов напаѓачот на Милан во дресот на Франција има постигнато вкупно 47 гола, додека Анри останува на врвот со дадени 51 гол.
Жиру стана и вториот француски репрезентативец кој постигнал гол во националниот дрес на возраст од над 35 години.