|Жиру три недели надвор од фудбалските терени

Стефано Пиоли во наредните три недели не ќе може да смета на услугите на Оливие Жиру.
Францускиот напаѓач во натпреварот против Атлетико Мадрид заработи повреда на бутниот мускул и ќе мора да паузира. Според првичните проценки на лекарите тој ќе може да се врати на терените за три недели.
Милан во натпреварот со Атлетико Мадрид забележа минимална победа од 0-1 со која си ги задржа шансите за пласман во осминафиналето во најелитното европско натпреварување. Сепак, во последното коло ќе им треба победа против Ливерпул, а во тој натпревар „росонерите“ не можат да сметаат на Жиру.