Жиру ќе потпише нов договор со Милан

Милан започна преговори со Оливие Жиру за нов договор. 35-годишниот напаѓач пристигна од Челзи за скромна сума од 1 милион евра, но одлично се вклопи во тимот на Стефано Пиоли и даде придонес за титулата со 11 голови. Двете страни се задоволни од нивната соработка и сакаат таа да продолжи.

Се очекува францускиот репрезентативец повторно да потпише до 2025 година. Неговиот актуелен договор истекува следното лето, но газдите на „росонерите“ се подготвени со понуда за продолжување на истиот.

Сепак, Милан сака да добие уште еден напаѓач во лицето на Шарл Де Кетелар. Голгетерот на Клуб Бриж е трансфер цел и на Лидс. Англискиот клуб упати поповолна понуда од онаа на Милан, но планираат во евентуална зделка да вклучат двајца свои играчи – младите Андреас Јунгдал и Емил Робак.