Жоан Лапорта: Дембеле одби две понуди за напуштање на клубот
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во изјава за медиумите обелодени дека Усман Дембел одбил две понуди да го напушти клубот во последниот ден од јануарскиот преоден рок.
„Како клуб му доставивме многу добра понуда да го обнови договорот и да остане, но се јави проблем од финансиска природа бидејќи Дембеле и неговиот менаџмент побараа повеќе пари.
Во последниот ден од преодниот рок му покажавме и две добри понуди да игра за други клубови во следните шест месеци. Една од понудите беше од англиски клуб, но тој не ги прифати и избра да остане тука. Сите сме изненадени“, прокоментира Лапорта.
Усман Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да добива шанса од тренерот Чави за да игра на натпреварите на Барселона.