Жоан Лапорта на средба со супер менаџерот Рајола
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, сподели информација дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во Торино остварил работна средба со фудбалскиот менаџер Мино Рајола.
Според него иако Барселона се соочува со големи финансисиски проблеми, сепак клубот ќе се обиде да ги доведе на „Ноу Камп“ најголемите клиенти на Рајола, Ерлинг Халанд и Пол Погба.
Двајцата играчи се опции за летниот трансфер период, кога Халанд има клаузула со која може да ја напушти Борусија Дортмунд, а на Погба му истекува договорот со Манчестер Јунајтед и ќе биде слободен играч.