Жоао Педро доби нов договор со Челзи

Жоао Педро со Челзи наскоро ќе стави потпис на нов договор со лондонскиот клуб до 2033 година.
Одлуката на Челзи доаѓа откако интерес за Педро покажа Барселона.
Каталонскиот гигант ја следеше ситуацијата околу напаѓачот, но самиот фудбалер јасно ставил до знаење дека неговата желба е да остане во Лондон и да продолжи да го носи дресот на Челзи.
Педро е дел од долгорочниот проект и еден од играчите околу кои ќе се гради тимот во следните сезони.