Жоао Феликс би се вратил во Барса и за помала плата

Жоао Феликс има желба повторно да заигра за Барселона и е подготвен на значително намалување на платата за да се реализира трансферот.
Португалскиот офанзивец во моментов настапува за Ал Наср, а неговиот договор со саудискиот клуб истекува на 30 јуни 2027 година. Феликс сака да се врати во европскиот фудбал и приоритет му е клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Најголема желба му е токму Барселона, каде што веќе играше во сезоната 2023/24 како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид. Феликс тогаш одигра 44 натпревари, постигна 10 голови и запиша шест асистенции.
Неговиот агент Жорже Мендеш веќе ја информирал Барселона за желбата на својот клиент. Каталонскиот клуб во моментов нема трансфер на Феликс како приоритет, но можноста да го доведе без обештетување би можела да биде интересна.
Феликс, според информациите, е подготвен значително да ги намали финансиските барања за да го реализира камбекот. Овој потег се споредува со враќањето на Жоао Кансело во Барселона, кое исто така било реализирано преку Мендеш.