Жоао Феликс веќе бара нов клуб, заминува од Атлетико уште во јануари
Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс не е задоволен од односот на тренерот Диего Симеоне и сака да си замине во јануари.
Младиот Португалец веќе пет меча седи на клупата за резерви и јавно почна да го искажува своето незадоволство. Шпанските медиуми пренесуваат дека Феликс е огорчен од ситуацијата и побарал да го напушти клубот во јануари.
Иако клубот тврди дека нема намера да го продаде, сепак одлуката на Феликс е конечна и неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе почна да му бара нов клуб.