Жоао Феликс го напушта Атлетико Мадрид и сака преселба во ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Португалија, Жоао Феликс, е незадоволен од статусот во клубот од Мадрид и сака на почетокот од наредната година да го напушти неговиот актуелен клуб.

Според информациите Феликс веќе побарал од неговиот менаџер Жорж Мендеш во јануари да му побара нов клуб. Наводно, за Португалецот интерес покажува францускиот шампион Париз Сен Жермен, клуб кој е прифатлив и за Феликс.

23-годишниот фудбалер е член на Атлетико од 2019.година. Тој за клубот има одиграно 128 натпревари и постигнато 32 гола.