Жоао Феликс заминува на позајмица во Челзи
Шпанскиот весник „Марка“ пренесува информација дека фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Португалија, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.
Челзи за услугите на Феликс ќе плати обештетување од 11 милиони евра. Клубот од Лондон се согласи да го исплаќа целосниот износ на платата на Португалецот, но во договорот не стои клаузула според која Челзи треба да го откупи играчот на крајот од сезоната.
Според Марка, во Атлетико Мадрид се свесни за желбата на Феликс да заигра за друг клуб, и ќе му дозволат на фудбалерот да замине на позајмица бидејќи не се потребни проблеми во тимската соблекувална.
Жоао Феликс е фудбалер на Атлетико од 2019.година. кога за 127 милиони евра беше доведен од Бенфика.