Жоао Феликс побарал заминување, Арсенал фаворит за неговиот потпис
Жоао Феликс побарал од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок.
Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона. Феликс побарал од раководството да биде продаден, а најсилен интерес за него покажува Арсенал.
„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а „топџиите“ наводно се спремни да ја платат таа сума.
Арсенал на лето сака да донесе најмалку еден врвен напаѓач бидејќи остана без Обамејанг, а сигурно заминува и Лаказет.
Артета верува дека Феликс би бил идеално решение и сака да го искористи неговото незадоволство во Атлетико.