Жоао Феликс посакува трансфер во ПСЖ
Познатиот фудбалски новинар Џанлука ди Марцио, пренесува дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, има желба својата кариера да ја продолжи во францускиот шампион, Париз Сен Жермен.
23-годишниот фудбалер претходно искажа желба да си замине од Атлетико Мадрид после несогласувањата со тренерот Диего Симеоне. Доколку челниците на Атлетико се решат за продажба на Португалецот, тогаш неговата цена би изнесувала околу 100 милиони евра.
Иако интерес за Феликс покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, сепак тој преферира трансфер во ПСЖ.