Жоао Феликс по никоја цена не сака да се врати во Мадрид
Португалскиот фудбалски интернационалец, Жоао Феликс, не крие дека сака да остане во Барселона.
„Јас играм како позајмен и не зависи од мене. Ја сакам Барса“ – потенцираше напаѓачот кој имаше одлична сезона кај каталонците.
Тој се наоѓа на платниот список на Атлетико Мадрид и допрва ќе ја чека одлуката на челниците дали ќе се врати кај „јорганџиите“ или ќе добие дозвола да остане на стадионот – „Камп Ноу“.