Жоао Феликс пристигна на позајмица во Челзи
Фудбалерот на Атлетико Мадрид и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.
Пред да пристигне во Челзи, Жоао Феликс го продолжи договорот со клубот од Мадрид до јуни 2027. година.
„Челзи е еден од најголемите светски клубови, и се надевам дека ќе му помогнам на екипата да ги исполни своите цели. Среќен сум и многу возбуден што ќе играм на Стемфорд Бриџ“, истакна Феликс.
23-годишниот Португалец својата кариера ја започна во Бенфика, а во Атлетико Мадрид пристигна во 2019.година. За репрезентацијата на Португалија има одиграно 28 натпревари.