Жоргињо се одјави од Арсенал и најави трансфер во Фламенго

Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо, кој на крајот на месецов ќе го напушти клубот, се збогува со навивачите на „топчиите“. 33-годишниот играч кој има и италијански пасош, преку објава на социјалните мрежи му се заблагодари и на клубот.

– Понекогаш сезоната е повеќе од фудбал, станува збор за моменти, луѓе, за тоа да се биде дел од нешто поголемо. Кога дојдов во Арсенал, не дојдов само во клуб, туку во семејство. Дадов сè што имав за тимот и за навивачите“ – потенцираше Жоржињо.

Според најавите, Бразилецот ќе се врати во земјата на „кариоките“ и ќе игра за Фламенго.