Жорди Алба не сака да си замине од Барселона пред истекот на договорот

Барсeлона сака да се ослободи од Жорди Алба на крајот на сезоната, но тоа нема да биде лесно.

Алба е еден од најплатените фудбалери во тимот, па не сака да си замине од „Камп Ноу“ и сака во целост да го одработи договорот. Раководството на Барселона треба да го намали буџетет за плати за околу 200 милиони евра за да може да регистрира нови фудбалери.

Поради тоа на лето ќе им биде отворена вратата на неколку фудбалери на кои Чави не смета, а Алба е еден од фудбалерите со најголема плата.

Тој има договор со Барса до 2024 година и сака да го одработи до крај, бидејќи за оваа и следната сезона клубот треба да му исплати 38 милиони евра.