Жоржињо од Фламенго паднал на допинг тест

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо се најде во центарот на вниманието поради информации дека наводно паднал на допинг-тест. Според бразилските медиуми, случајот сè уште не е разрешен, а конечниот исход би можел да има сериозни последици врз кариерата на искусниот фудбалер.

Наводно позитивниот резултат се однесува на примерок земен пред четвртфиналниот натпревар на Фламенго против Индепендиенте дел Вале во Копа Либертадорес.

Дополнителната анализа на примерокот Б е најавена за 27 октомври, по што се очекува да биде појасно дали сомнежите ќе бидат потврдени и какви последици би можел да има случајот.