Жорж Жесус потпиша нов договор како тренер на Ал Хилал

Саудискиот шампион Ал Хилал го награди својот тренер Хорхе Жесус по освојувањето на титулата.
Португалскиот стратег потпиша продолжување на договорот со клубот. Тоа беше потврдено денеска со објава и на социјалните мрежи.
Во соопштението се наведува дека двете страни потпишале продолжување на соработката за уште една година.
69-годишниот Жесус дојде во Ал Хилал во летото 2023 година и досега на саудискиот гигант му ги обезбеди пехарите во првенството и Суперкупот на Саудиска Арабија.