ЖФК Скопје шампион на Македонија во женски фудбал

По триумфот од 8:0 во дуелот против Топ Гол, фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 на три кола пред крајот ја освои титулата во Првата фудбалска лига.

Со денешната победа ЖФК Скопје 2014 има 15 бода предност во однос на најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера со што математички ја потврдија првата позиција.

Серијата погодоци на стадионот во Пржино ја отвори Блехана Алиеска уште во осмата минута. Во 13-тата Бесарта Фида зголеми на 2:0, а во 26. Емили Митковска го постигна третиот погодок за новиот шампион на Македонија.

Во 38. минута Кристина Крстева му носи предност на ЖФК Скопје 2014 од 4:0, а на две минути пред крајот на првото полувреме домаќинот и по петти пат ја затресе мрежата на Топ Гол, а овој пат прецизна беше Тамара Атанасовска.

Во финишот од натпреварот ЖФК Скопје 2014 постигна уште три гола. Во 77. минута Алиеска по втор пат се запиша меѓу стрелците додека во завршните десет минути прецизни беа уште Емилија Ивковиќ и Ања Головска.

Во останатите натпревари од оваа 23. рунда во шампионатот, Тиверија Брера ја совлада Каменица Саса со 3:0, ЖФК Истатов и Љуботен играа вез голови, Вардар славеше над Кочани со 4:1, а по еден погодок на две страни беше постигнат на дуелот Ас Јунајтед – Речица.