Заборавениот Себаљос на радарот на Милан
Дани Себаљос ја исклучи можноста да остане во Арсенал и ова лето ќе се врати во Реал Мадрид. Креативниот играч за врска стигна пред две сезони во Арсенал, а после едногодишната позајмица истата беше продолжена за уште толку.
Себаљос не се снајде најдобро во Премиер лигата, а јасно е дека за него нема повеќе место во Реал Мадрид.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска и веруваат дека Себаљос одлично ќе се вклопи во формацијата на Пиоли.
