Завршен тренинг камп за македонските тениски репрезентативци
Во деновите од викендот на терените на ТК МТП беше одржан завршниот тренинг камп за македонските репрезентативци во младинските категории кај момчињата и девојчињата. Ова беше убава можност за сите на едно место за дружба, тениска игра и пред се активности од забавен карактер да ја заокружат 2024 година.
Главни учесници беа тенисерите и тенисеките на возраст од 12 години, 14 години, 16 години и 18 години и низ размена на искуство се одржа овој камп што беше во организација на јуниорскиот капитен Круно Деспотовски, како и заменикот јуниорски капитен Тања Стојановска.