Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се одржи во Струмица

Ракометната федерација на Македонија ги одреди домаќините на завршните турнири од Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица од 17 до 19 април.

Оваа одлука за заедничка организација на машкиот и женскиот Ф4 во Купот на Македонија беше верификувана од страна на Управниот одбор на РФМ.

Иако сите учесници на Ф4 од машкиот Куп посакуваа домаќинство, сепак РФМ одлучи тоа да биде на неутрален терен и сите да имаат еднакви шанси. За трофејот ќе се борат Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид.