Заедничка кандидатура на четири земји од Јужна Америка за организација на СП во 2030

Четири земји од Латинска Америка – Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај – ќе поднесат заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Церемонијата за испраќање на кандидатурата на горенаведените земји ќе се одржи во вторник, 2 август. Настанот ќе се одржи на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео (Уругвај), а ќе присуствуваат претседателот на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, четворицата челници на секоја федерација, Игнасио Алонсо (Уругвај), Клаудио Тапија (Аргентина), Артуро Салах (Чиле) и Роберт Харисон (Парагвај), како и министрите за спорт на овие земји.
Во борбата за правото да бидат домаќини на СП 2030 година ќе треба да победат во конкуренција од заедничката апликација на Шпанија и Португалија.