Занети: Интер се обиде да го доведе Меси
Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, призна дека во 2021. година, имал преговори со Лионел Меси за негов трансфер во клубот.
Меси во август 2021.година ја напушти Барселона, и без обештетување се пресели во Париз Сен Жермен каде потпиша двегодишен договор.
„Бев изненаден кога Меси си замина од Барса. Имавме разговори со него за евентуален потпис со Интер, но не можевме да се натпреваруваме со ПСЖ и клубовите од Премиер лигата“, изјави Занети.
35-годишниот Аргентинец, има договор со шампионот на Франција до крајот на сезоната, а во тек се и преговори со челниците на клубот за продолжување на неговиот престој во ПСЖ.