Заниоло бира меѓу два гиганти во Серија А

Астон Вила не ја искористи опцијата за откуп на Николо Заниоло
и тој на крајот од сезоната се врати во Галатасарај.
Италијанецот не сака да остане во Турција и сака да се врати во
Серија А, а неколку клубови веќе ја започнаа трката за неговиот
потпис.
Изминатите недели се споменуваше за интерес од страна на
Милан и Јувентус, сепак Заниоло е најблиску до Аталанта.
Гасперини го сака во својот тим и Аталанта веќе постигнала
договор со агентот, а се очекува за неговиот потпис да плати околу
20 милиони евра.