Заниоло експресно сака да се врати во Италија

Николо Заниоло во зимскиот преоден рок се пресели во Галатасарај, откако влезе во расправија со Мурињо и самиот побара трансфер.

Меѓутоа, Заниоло во својот договор има откупна клазула од 35 милиони евра, која може да биде активирана уште во летниот преоден рок. Тој сака да се врати во Италија, а Милан и Јувентус покажуваат силен интерес и се во постојан контакт со неговиот агент.

Наводно двата клуба ќе водат голема битка за неговиот потпис на лето, но ќе се обидат да ја намалат сумата од откупната клаузула.

Заниоло сака да се врати во Серија А и притиска Галатасарај да го пушти после само шест месеци.