Започната истрага против пет фудбалери на Ренџерс
Шкотскиот фудбалски сојуз започна постапка против пет фудбалери на Ренџерс поради кршење на пропишаните епидемиолошки мерки откако присуствувале на една забава, иако мораа да бидат во самоизолација. Играчите од првиот тим Бонгани Зунга, Нејтан Патерсон и Калвин Баси, како и позајмените играчи Дапо Мебуде и Брајан Киниар, минатиот месец присуствувале на забава иако морале да бидат во самоизолација на десет дена. Куќната забава била прекината од полицијата која пријавила десет луѓе, а потоа се откри дека помеѓу нив биле и играчите на Ренџерс. Клубот веќе ги казни, а сега се очекува и казна од фудбалскиот сојуз. Во декември минатата година, играчите на Ренџерс, Џордан Џонс и Џорџ Едмундсон добија забрана од седум натпревари поради кршење на прописите со присуство на приватна забава. Ренџерс во неделата и официјално ја освои титулата во првенството оваа сезона и тоа на шест кола пред крајот.