Започна лицитацијата за потписот на Флоријан Вирц
Европските гиганти на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Вирц.
19-годишниот Вирц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.
Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Вирц има договор до 2027 година.
„Билд“ тврди дека Баерн Минхен е фаворит за неговиот потпис, но треба да ја победи конкуренцијата од Барселона, Милан и Манчестер Сити.
Вирц е офанзивен играч за врска, кој оваа сезона на 9 настапи постигна 2 гола и 4 асистенции.