Започна продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес ги информираше навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 18 ноември во Кардиф, меѓу репрезентациите на Велс и Македонија.
За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1.500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2.800 денари.
Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.
Целата постапка за начинот на купување и добивање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е објаснета на линкот во продолжение. Истиот, можете да го преземете и на платформата на ФФМ за продажба на билети.