Започна судењето на Нејмар во Барселона

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се појави денеска во судот во Барселона по обвинение за наводна измама и корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.     

Покрај Нејмар, процесот се води и против неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Жозеп Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одилио Родригез. Шпанското Обвинителство бара казна затвор од две години за Нејмар, како и парична казна од 10 милиони евра поради корупција. Случајот произлегува од тужба од бразилската компанија DIS, која поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар додека бразилскиот репрезентативец настапуваше во Сантос. 

Компанијата тврди дека трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона бил реализиран по значително пониска цена од реалната пазарна вредност на фудбалерот.