Заради фалсификуван пасош Реал губи две титули?
Шпанскиот кошаркарски тим Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми поради нивниот поранешен кошаркар Маркус Слотер, кој наводно играл за екипата со фалсификуван пасош.
Шпанските власти објавиле налог за апсење на поранешниот кошаркар на „кралевите“ во сезоната 2014/15“, а поради тоа Реал би можел да изгуби пехари во Ендеса лигата и Купот на Кралот.
Медиумите пишуваат дека Слотер би можел да добие и 16-месечна затворска казна доколку на суд се потврди дека е виновен.
Доколку биде потврдена вината на Слотер, тогаш „кралевите“ би можеле да ги изгубат двете титули, кои би ѝ припаднале на Барселона.