Зајков до крајот на сезоната ќе игра за Славија Софија
Maкедонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков, кој мораше да ја напушти Ворскла поради војната меѓу Русија и Украина повторно ќе игра во соседна Бугарија во екипата на Славија Софија.
Тој првиот дел од сезоната го помина во Левски по што потпиша договор со украинскиот тим, но, по наметната ситуација и воениот конфликт во тој дел на светот, беше приморан да побара нов клуб.
Неговиот нов ангажман го потврди и првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов.