Зајков: Со победи градиме слика за нас како репрезентација

Нашата најдобра фудбалска репрезентација за краток период ќе одигра два меча. Првиот е пријателски со Саудиска Арабија на 4 септември во Прага а вториот доаѓа во Мундијалските квалификации со Лихтенштај на седми во Скопје. Стоперот, Ѓоко Зајков, очекува две победи.

„Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар, мислам дека и досега покажавме карактер и секогаш треба да одиме на победа. Така градиме слика за нас како репрезентација и општо на тој начин за сите ривали повеќе да не почитуваат.

Нормално дека е главна цел натпреварот со Лихтенштајн од квалификациите. Имаме доволно денови да се подготвиме и да одиме на победа. Тоа е приоритет“, потенцираше нашиот дефанзивец.